Дуф Водопад

 

 

vod2

Дуфските водопади во близина на с. Ростуше до кои од самиот центар на селото се стигнува за 30тина минути. Патеката до водопадите е обележана, уредена, обезбедена со дрвена ограда и истата во неколку наврати е значително стрмна но во поголемиот дел е лесно проодна. До самите водопади се поминува низ Дуфскиот кањон кој е висок и до 100 метри и кој претставува вистинска атракција. Местото е специфично и по пријатната клима а температурата во најжешките летни периоди изнесува од 18 до 20 степени. Низ кањонот тече Ростушка река која е најголема во пролетниот период. Главна атракција и вистински празник за очите е водопадот Дуф според кој самото место го добило името, а се наоѓа на самиот крај на кањонот. Неговата висина изнесува околу 25 м. а во негова близина се поставени неколку клупи за одмор каде што посетителите можат да минат неколку убави моменти во природа како и “училница„ за настава во природа . Интересно е што сега на самиот водопад е поставена и опрема за спуштање со јаже. Покрај самата патека можат да се забележат и остатоци од првата хидроцентрала во регионот преку која истиот се снабдувал со електрична енергија. Во поранешниот период голем дел од земјиштето и водата во овој дел се користеле за обработка и наводнување.

 

 

 

 

You may also like...