Трескавец

Манастирот Трескавец се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, на 10 километри од Прилеп, меѓу карпите под Златоврв (1422 м.). Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, на рамнината Пелагонија, како и на градовите Прилеп, Битола и Крушево.
За манастирот Трескавец се вели дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него може да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми. Манастирот Трескавец е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија.

 

 

 

You may also like...