Св. Никита Горњани

Манастир “Свети никита”

На петнаестина километри северно од Скопје, на падините на Скопска Црна Гора меѓу селата Бањани, Чучер и Горњани се наоѓа манастирска црква посветена на Свети Никита.

Од големо значење е фрескоживописот на црквата. Зографисувањето на црквата е различно датирано од 1307 до 1320 година. Најновите сознанија зборуваат дека црквата е живописана одоку 1320 година. Автори на живописот се познатите зографи Михајло и Еутихиј кои имаат сликано и други цркви во Македонија, како што се света Богородица Перивлепта во Охрид, Св. Ѓорѓи во Нагоричане и др. Сепак истражувачите сметаат дека во манастирот Свети Никита тие сликале во својата најзрела возраст.Во фрескоживописот видно место му припаѓа на св. Никита, патронот на манастирот. Од циклусот „Чудата Христови“ паѓа в очи ретката композиција „Свадба во Кана Галилејска“ како и композицијата „Истерување на трговците од храмот“. Во горните зони се илустрирани сцени од Маките Христови, почнувајќи од „Тајната вечера“, „Качувањето на крстот“, „Симнувањето од крстот“ и “Oплакувањето”.

You may also like...