Рели „КАЛИН КАМЕН 2013“

Манифестацијата има ревијален карактер и  се одржува под мототo „Да ги запознаеме убавините на Осоговските планини“. Должината на патеката е 64 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, висинската разлика е 1.500 метри со највисока точка Царев Врв  (2.085 метри надморска височина). Патеката започнува на  плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Св.Јоаким Осоговски, каде се организира заеднички ручек на сите учесници. На Царев Врв е договорена средба со рели учесниците од соседните општини.

Бевме гости на „Офф Роад Осогово“ клубот

GOPR5527

Како природна целина која се протега во две држави Осоговскиот планински масив зафаќа вкупна површина од 1.535 км2, од кои на Република Македонија припаѓаат 1.102 км2 или 71.8%, додека на 443 км2 или 28.2% на Република Бугарија. По својата површина е втора планина во Република Македонија по планинскиот масив Јакупица (Мокра Планина). Највисок врв e Руен (2.252 м), а покрај него уште 5 врва се повисоки од 2000 м.
Осоговскиот планиски масив тектонски припаѓа на српско-македонскиот масив, кој претставува старо копно на Балканскиот Полуостров. Тектонските движења со кои била зафатена оваа планина условиле да биде издигната, раседната и раздробена при што е формирана како хорст. Геолошкиот состав е претставен со прекамбриски метаморфити и палеозојски шкрилци. За време на терциерот се одвивала интензивна вулканска активност, што овозможило создавање на големи резерви на олово-цинкова руда.
Релјефот на Осоговскиот планиски масив е претставен со високи, зарамнети и долги планински била, кои меѓу себе се расчленети со длабоки речни долини, вулкански купи и кратери. Најпознати била се Руенското било, претставува вододелница помеѓу сливот на Вардар и Струма; Соколско било; Калинкаменско било; Костадинечко-лисечко било кое е вододелница помеѓу Пчиња и Брегалница; Лопенско било; Д’лгиделско било и др. Покрај билата значаен релјефен елемент се речните долини кои се одликуваат со клисури. Најпознати се долините на Тораничка Река (извориште на Крива Река), Каменичка, Оризарска Река, Злетовска Река и др

 

You may also like...