Процедурата за влез на Света Гора

Процедурата за влез на Света Гора и посета на манастирите, особено за оној што доаѓа првпат, може да изгледа комплицирана. Меѓутоа, денес таа е многу полесна и поедноставна отколку порано. За тоа сведочи и сѐ поголемиот број на поклоници кои во текот на целата година, посебно во лето, ја посетуваат Света Гора. Многу е важно да се зачува вековниот поредок и посебниот начин на живот прилагоден на монашкиот подвиг. Во контекст на тоа апелираме сите поклоници да се придржуваат до пропишаниот кодекс на однесување што се наоѓа на обрасците за влез на Света Гора, како и упатствата што ќе ги добиете кога ќе посетите некој од манастирите. Никој што не е најавен не може да ја посети Света Гора, а за оние што не се православни потребна е посебна дозвола.

На Света Гора се пристигнува со брод, од пристаништето што се наоѓа во Уранополис, кое е на самата граница со Света Гора. Секако, претходно е потребно да побарате и добиете благослов за посета и престој.

Бидејќи интернет ретко се користи, а поради обврските можно е да не ви се одговори на телефонот, најдобро е со манастирите да се контактира преку телефаксот кој е постојано вклучен. Освен молбата за благослов треба да наведете и: име и презиме, број на пасош, професија, телефон за контакт. Најавата е неопходна заради ограничениот број на места за сместување. Престој и камапување надвор од манастирите не е дозволен. За поедниците се одобрува едно ноќевање, а за посета на група треба најава неколку месеци однапред заради резервација на места.

Дозволата за влез на Света Гора се нарекува „диамонтрион“ и ја издава светата епистасија на Света Гора (заедничка институција на 20-те манастири). Цената на дозволата е 25 € за возрасни, а 10 € за деца.

diamonitiron (1)

До Уранополис, место на полуостровот Халкидики, од каде секој ден во 9:45 испловува бродот за Света Гора, може да се пристигне со автомобил или автобус. Од Солун до Уранополис има автобус во 6:15 (карта во еден правец е 11 €). На бродот можете да се качите само со диамонтрионот, бротска карта и пасош. Картата за бродот може да се купи само на билетарницата на пристаништето, не на бродот. Од Уранополис до хиландарското пристаниште картата чини 6 €. Од пристаништето до манастирот Хиландар има автобус кој е бесплатен. Штом ќе се пристигне во некој од манастирите гостите се послужуваат, запишуваат во книгата за гости и добиваат потребни информации. Ноќевањето е бесплатно, а исто така и храната.

Посетителите можат да учествуваат во сите богослужби, да се причестат (доколку имаат благослов од духовниот отец), да ги целиваат светите мошти, да го посетат манастирскиот музеј и сл. За сите дополнителни информации и недоумици треба да се праша гостопиемникот. Доколку сакате да посетите друг манастир или скит морате претходно да побарате и добиете благослов за посета. Не одете во посета ненајавени и без благослов.

Списoк на светогорски манастири и скитови:

Манастир – скит Радно време Телефон Телефакс
Манастир Велика Лавра

+30 23770 23586

+30 23770 23013

Манастир Ватопед

09:00-13:00

+30 23770 41488

+30 23770 41462

Манастир Ивирон

10:00-14:00

+30 23770 23643

+30 23770 23248

Манастир Хиландар

+30 23770 23797

+30 23770 23494

Манастир Дионисијат

+30 23770 23687

+30 23770 23686

Манастир Кутлумуш

+30 23770 23226

+30 23770 23731

Манастир Пантократор

+30 23770 23253

+30 23770 23685

Манастир Ксиропотам

10:00- 12:30

+30 23770 23251

+30 23770 23733

Манастир Зограф

+30 23770 23247

+30 23770 23247

Манастир Дохијар

+30 23770 23245

+30 23770 23271

Манастир Каракал

+30 23770 23225

+30 23770 23746

Манастир Филогеј

12:00- 15:00

+30 23770 23256

+30 23770 23674

Манастир Симоно Петра

13:00-15:00

+30 23770 23254

+30 23770 23707

Манастир Свети Павле

10:00- 12:30

+30 23770 23250

+30 23770 23355

Манастир Ставроникита

10:00- 12:00

+30 23770 23255

+30 23770 23255

Манастир Ксенофонт

+30 23770 23249

+30 23770 23633

Манастир Григоријат

11:30- 13:00

+30 23770 23218

+30 23770 23671

Манастир Есфигмен
Манастир Пантелејмон

10:00-12:00

+30 2377023252

+30 237 2368270

Манастир Констамониту

+30 23770 23228

+30 23770 23228

Скит Света Ана

+30 23770 23320

Нови скит

+30 23770 23351

Скит Капсокаливија

+30 23770 23319

Скит Продром

+30 23770 23294

+30 2377023788

Скит Светог Андреја

+30 23770 23810

+30 2377023824

Скит Светог Илије

+30 23770 23304

+30 23770 23783

Буразерски скит

+30 23770 23202

+30 23770 23369

 

 

You may also like...