









Целата на овој сајт е да ги покаже убавините на нашата земја што ние лично ги имаме посетено фотографирано и снимено. Тоа на некој начин е поврзано со нашите корени, со посебен акцент на оние духовните. Пред да кажеме што предизвикува кај нас звукот на народниот инструмент, сакаме да истакнеме што предизвикува во нашето срце посетата на нашите духовни светилишта, исполнети со молитва, проткаени со подвигот на нашите предци, она што секој Mакедонец го чувствува при посетата на она со што Бог нѐ дарува: преубавите предели, планини, реки и езера… Едноставно не можеме да избегаме од тоа, од аманетот што ни го оставија нашите прадедовци, своето да го сочуваме, негуваме и да го оставиме на нашите наследници, но и да го споделиме со нашите ближни!
Македонија е прекрасна…. I love Macedonia…keep eXploring…
Никола – eXploring.mk – организација, авантура, фотографија & видео
Во некои Авантури учествуваа и:
Томе – човекот со кој супер поминуваме, ако не откаже во последен момент…
Диме + и сајтов го правеше. 2011 се повлече од јавност…
Виктор – социлогот кој ќе го промени светот
Тасе – 2010 се повлече и во секој момент се очекува негово враќање
Јохан – секогаш неуморен
Александра – бунтовник без причина
Лектор Петар – човекот што го знае македонскиот јазик
Брат Стефан – Мариовец
Данчо-човекот кој сака да избега од цивилизацијата
Виктор-гурман човек, бордер, рибар, човекот што стално има нешто работа.
Владо– оффроудџија
Зоки-чиниш мечок е…
Мечок– чиниш Зоки е…